| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.11.2017

Мрме го повика и Османовски од Унтерахинг

„Продолжуваме со тоа да повикуваме млади и талентирани играчи. Затоа е повикан Анес Османовски“ истакнува селекторот Игор Ангеловски


Покрај Кире Маркоски, селекторот Игор Ангеловски за пријателскиот меч со Норвешка и младиот 17 годишен играч на Унтерахинг, Анес Османовски.
Османовски е фудбалер со одлични квалитети. Продолжуваме со тоа да повикуваме млади и талентирани играчи. Затоа е повикан Анес Османовски. Во зависност од тоа дали ќе има други повреди ќе видиме дали ќе има дополнителни повици. Инаку Муслиу и Ристевски се тука со нас, ќе видиме дали ќе можат да играат. Дефинитивно отпаднаа Несторовски, Ѓоргев и Дориев. Адеми исто има повреда но ќе видиме за ден - два дали ќе може да игра. Тој сака да настапи и покрај повредата“ истакна Ангеловски на брифингот на денешниот собир на нашата најдобра репрезентација.

За дуелот со Норвешка тој посочи..
Норвешка форсира дуел игра и очекувам на тој начин да одговориме и ние. Не сум човек кој се жали по сите овие силни проблеми, верувам во овие играчи и верувам во позитивен резултат кој ќе ни донесе уште поголем напредок на ФИФА листата“.

Дарко Велковски, стоперот во нашата репрезентација пак посочи...
Овој меч ќе ни послужи за воигрување. Ќе го искористиме максимално и секако дека одиме на добар резултат. Во последно време имама добра серија и треба да продолжиме во ист стил“.


 



Датум: 07.11.2017, 12:20
Статијата е прочитана 1665 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense