| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2017

Ковачев веќе тренира и планира кам-бек


Повреда е најлошото што може да му се случи на еден спортист. На грото од нив во крвта им е да се натпреваруваат, да бидат на терен

Од тоа не се двои ниту Мартин Ковачев стоперот на Пелистер, кој се повреди на мечот со Ботев Пловдив. Раката му е имобилизирана, и го чека пауза. Сепак, бугарскиот интернационалец не може да седи во место па и со гипс на раката тренира и работи на кондициски план. Сите знаеме на терен каков играч е Ковачев, дека е жесток борец, а очигледно дека стоперот планира така да се однесува и со оваа повреда. Не се дава, не мирува, напротив. Продолжува да тренира напорно и да работи на што побрз кам-бек на терените. Лекарите наговестија пауза од околу еден месец, но како што изгледа Ковачев не планира толку долдго да биде во „аут“.

 


 



Датум: 04.02.2017, 21:06
Статијата е прочитана 3165 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense