| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.09.2017

Освојувачите на Хаифа (ФОТО)

Пандев: Имаме бисер во нашата репрезентација. Елиф е иднината на Македонија

Горан Пандев и Ељиф Елмас. Тоа се двајцата играчи кои што беа во фокусот на вниманието на синоќешниот натпревар против Израел во Хаифа. Едниот оној најмладиот асистент, другиот, поискусниот стрелец на голот вреден три бода. Ги „уловивме“ и на аеродромот во Тел Авив заедно и си упатија пофални зборови.

„Како не бев помлад, да играв повеќе години со Елмас. Момчево има квалитет, и тој е иднината на репрезентацијата“, ни изјави Пандев.

Капитенот потоа го „искара“ помладиот фудбалер:

„Како доби жолт картон, па сега да не можеш да играш со Албанија“, му се обрати во смеа Пандев на својот помлад соиграч.



Датум: 03.09.2017, 11:32
Статијата е прочитана 4539 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense