| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.01.2018

Алтах го „тестира“ Никола Ѓорѓев

Никола Ѓорѓев, еден од најнадежните македонски фудбалери ќе биде на проба во австрискиот клуб, пред да биде донесена одлука дали ќе биде ангажиран

За Никола Ѓорѓев нема место во екипата на Твенте. Тоа е јасно, и од тука младиот фудбалер, еден од најнадежните во нашата земја е во потрага по нов клуб. Но не оди се така лесно, па така во обидот да најде ангажман, Ѓорѓев ќе мора да мине на проба. И тоа во австрискиот тим Алтах.

Ѓорѓев во моментов се наоѓа во тренинг кампот на оваа екипа, а денеска ќе одигра и пријателски натпревар. Со тоа австриската екипа ќе го „тестира“ се додека не одлучи дали ќе го ангажжира. Станува збор за сениорски репрезентативец кој што настапува и во младинската селекција, а беше дел и од репрезентацијата до 21 година на ЕП во Полска.

Ѓорѓев на почетокот на оваа сезона отиде во Твенте како позајмен. Меѓутоа од холандскиот тим на почетокот сметаа на него, а во последно време се повеќе не е во составот. Тоа е јасен знак дека Ѓорѓев треба да си бара нова средина, и се обидува да го стори тоа.



Датум: 22.01.2018, 08:38
Статијата е прочитана 738 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense