| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.06.2017

Бејтулаи се сели во Грасхоперс

Егзон Бејтулаи е пред трансфер во таборот на „скакулците“. Тој оди таму по препорака на Матијас Валтер, актуелниот спортски директор на Грасхоперс, инаку ексменаџер на тетовци

Егзон Бејтулаи е пред преселба во Швајцарија, и тоа во тимот на Грасхоперс. Трансферна „бомба“ за младиот дефанзивец на Шкендија и актуелен репрезентативец на Македонија, како на онаа младата така и на онаа најдобрата. Во текот на следните неколку дена ќе се знае дали овој трансфер ќе се оствари. Дознаваме дека деновиве, во Скопје, доаѓа Матијас Валтер, актуелен спортски директор на Грасхоперс и некогашен менаџер на Шкендија. Јасно е дека Бејтулаи оди во Грасхоперс по препорака токму на Матијас Валтер, кој цели две години беше во раководството на тетовските „црвено- црни“.

Валтер доаѓа на завршни преговори, доаѓа да се види со раководството на Шкендија и, секако, да одведе еден од нашите најдобри млади фудалери во еден од најголемите клубови во Швајцарија. Сепак, за да се оствари овој трансфер, ќе треба зелено светло од првите луѓе на Шкендија, на спонзорот „Еколог“ и на газдата Лазим Дестани. А тоа зелено светло значи дека, покрај тоа ДА од страна на Шкендија, Валтер ќе мора, во името на Грасхоперс, да понуди и голема сума пари како еден вид отштета. Бејтулаи е под договор со Шкендија и јасно е дека ако сака „слобода“ и трансфер во тимот од Цирих, ќе мора да се плати обесштетување.



Датум: 07.06.2017, 10:36
Статијата е прочитана 956 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense