| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.05.2017

Локомотивата го „прегази“ Гоблен во дербито за Втора лига

Третата лига Север денеска го играше своето претпоследно коло, а како дел од него се играше дербито помеѓу Гоблен Ј. и Локомотива

Триуфмираа гостите со конечни 0:2, и ја направија клучната разика на табелата од три бода пред последното коло кое се игра следниот викенд. Не треба премногу да се претпостави дека ова беше клучниот меч сезонава, а воедно ова беше и деби со победа на новиот тренер на Локомотива, Никола Карчев.

Големата победа на скопјани ја осигураа Миленов од пенал и Коцев. Во финишот Гоблен остана и со играч помалку. Кумановци важеа за огромни фаворити но влегоа во криза токму кога финишираше сезоната. Минатото коло во Скопје загубија од Маџари солидарност а еве попладнево и од Локомотива. Според математиките и случувањата во мак-фудбалот, Гоблен и ова лето ќе игра бараж за влез во Втора лига. Претходните два беа неуспешни.



Датум: 21.05.2017, 19:15
Статијата е прочитана 6425 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense