| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.01.2017

Вардар и Шкендија се спасија од студот во Македонија

Вардар и Шкендија се во Анталија. Двата наши најдобри клубови веќе се сместија во хотелите, и одработија тренинзи.

Условите во овој дел од Турција се знае дека се оптимални за тренинг што ќе рече дека и Вардар и Шкендија се „спасија“ од студот во Македонија, и „пребегаа“ во потопли краишта.


Таборот на Вардар ужива во сонце и прекрасни услови, а во моментов во Анталија температурата е 15 целзиусови степени. Тоа се оптимални услови за тренирање. Шкендија е во слична ситуација, го одработи својот прв тренинг во вечерни услови.


И двата табора со оглед на условите во Македонија, а и планот за работа ќе останат во Анталија дваесетина денови каде ќе ги одиграат и грото од пријателските средби планирани за овој подготвителен период. 



Датум: 22.01.2017, 11:08
Статијата е прочитана 2262 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense