| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.04.2017

ФК ВАРДАР НЕГОТИНО: Очекуваме најстрога казна од ФФМ

По инцидентот во Новаци, во кој беше удрен директорот на неготинци Горан Гогов, со соопштение излезе управата на Вардар Неготино.


Имено, се играше 89. минута кога едно лице, се шпекулира дека е претседателот на домашниот клуб, ја прескокнало оградата и со боксови го нокаутирал Гогов кој потоа беше и во бессознание, а нешто подоцна беше пренесен и во болница каде во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, според извори од таборот на ФК Вардар (Неготино), бил подвргнат на детални лекарски прегледи.
„Управата на ФК Вардар Неготино, во свое име, во име на играчите и на клубот, но и во име на сите поддржувачи и навивачи најостро го осудува инцидентот на саботниот натпревар меѓу ФК Новаци и ФК Вардар. Ако се стремиме кон модерните стандарди на фудбалот, недозволиво е и треба да има нула толеранција за какво било насилство на терените, а камо ли од претседател на еден клуб претендент за Прва лига, врз друго официјално лице за и тоа додека трае еден натпревар!

Не сакаме да размислуваме дека некој си дозволува да се крене над законите и да користи други методи за собирање бодови, освен фер-играта на терен. Потегот на претседателот на ФК Новаци не само што е далеку од принципите на „фер-плејот“ туку е за секаква осуда и прекршува многу прописи и закони. Затоа бареме и апелираме до ФФМ да поведе соодветна постапка и да го санкционира ова крајно неспортско однесување и со тоа да покаже дека на терените низ Македонија, без разлика за кој степен на натпреварување станува збор, не може и не смее да владее самоволие!

ФК Вардар Неготино максимално коректно ги почитува и законите на Р. Македонија и прописите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и затоа очекуваме така да се однесуваат и кон нас. Со досегашно функционирање и вложување како во екипата така и во условите за работа, покажвме крајна сериозност и затоа очекуваме дека гласот на разумот ќе преовлада во овој случај.

За управта на ФК Вардар Неготино, ова не претставува само насилен чин врз нашиот официјален претставник на клубот (кој, патем, уште е на болничко лекување и ги чувствува последиците од физичкиот напад), туку претставува и удар врз секој искрен љубител на фудбалот кој одвојува од својот џеб со верба дека во Македонија има чист и чесен фудбал.


Сега се на потег органите на ФФМ и со нетрпение ја очекуваме нивната одлука. Ја информираме јавноста дека покрената е приватна кривична тижба против сторителот на овој не мил настан. Нема да дозволиме никој да си пигрува со нашиот клуб а најмалку со нашите играчи како и представници за време одигрување фудбалски натпревари.Уште еднаш напоменуваме дека ФК Вардар е со длабоки корени во МК фудбалот и нема да дозволиме истите да се уништат“, се вели во соопштението на ФК Неготино Вардар.
 



Датум: 03.04.2017, 10:43
Статијата е прочитана 3150 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense