| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.06.2017

Бабунски ќе ги поправа вардаровите младинци

Дознаваме дека некогашниот член на Вардар ќе биде поставен за нов директор на младинските категории на екипата, кои сезонава не можат да се пофалат со многу успеси


Амбициите на Вардар секогаш се победнички. Сите што го носат, го носеле и ќе го носат неговиот дрес, знаат дека се барало триумф од нив, без разлика против кој противник играле. И додека првиот тим прославува нова шампионска титула во својата историја, младинските состави на „црвено-црните“ доживеаја мала криза сезонава. Секако, паралелно со првиот тим, се мисли и на помладите категории, од каде што вардаровиот тим ќе ја црпи својата иднина. Меѓутоа, сѐ поретко се случува тоа.
Затоа е доведен Дарко Панчев и затоа во Вардар ќе биде доведен уште еден поранешен ас на оваа екипа. Станува збор за Бобан Бабунски. „Македонски спорт“ дознава дека тој ќе раководи со младинските категории на Вардар, односно ќе биде директор на сите млади екипи на „црвено-црните“. На добар пат е оваа намера да биде реализирана во следните неколку дена, а и да биде официјализирана соработката со Бабунски, кој беше селектор на младинската репрезентација, како и тренер на Работнички.

СЕЗОНАВА ПРВАЦИ САМО ВО ЕДНА КАТЕГОРИЈА
Вардаровите млади категории сезонава доживеаја „фијаско“. Во само една категорија, и тоа онаа најмалата, беа прваци. Младинската екипа лани играше Лига на шампиони, а идната сезона ќе ги гледа на екраните своите врсници од Шкендија, кои ќе играат во елитата. Кадетите и пионерите завршија  второпласирани, додека помладите пионери беа трети. Генерацијата 2002 година, односно т.н. петлиња, беше, исто така, второпласирана, додека само помладите петлиња, односно генерацијата на фудбалери родени 2003 година, станаа прваци, и тоа не на Македонија туку во Кумановско-скопскиот Регион.



Датум: 02.06.2017, 09:52
Статијата е прочитана 5711 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense