| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.06.2017

Димитриевски : „Пандев е Бог во Македонија“

„Марка“ со специјално интервју со голманот на националниот тим, кој што вели дека Пандев во Македонија е исто што и Рамос во Шпанија

Престижниот шпански медиум „Марка“, направи специјално интервју со чуварот на мрежата на Македонија Столе Димитриевски, кој што долго време е во Шпанија.
Димитриевски го запрашаа што правеше на дуелот во 2009 година кога Македонија беше блиску да ја изненади Шпанија.
„Морав да го гледам мечот од дома, бидејќи немав билети за тој натпревар. Тоа беше интересен натпревар во кој имавме водство од 0:2 и тој меч нема никогаш да го заборавам“, вели Димитриевски кој осум години подоцна ќе се најде на теренот против Шпанците.
„Секогаш играме добро против силните селекции, особено на домашен терен. Ќе имаме за нас и 35.000 навивачи и ќе дадеме се од себе за добар резултат. Овие натпревари се одлична можност да покажеме дека знаеме да играме фудбал. Имаме одлична генерација под 21 година која што ќе се натпреварува на Европското првенство“, изјави голманот на националниот тим.
„Единицата“ на Македонија беше запрашан за Пандев, најдобриот македонски фудбалер. 
„Пандев е Бог во Македонија. Тој е исто што и Роналдињо во Бразил, Рамос во Шпанија... Третиот фудбалер од Македонија кој ја освоил Лигата на шампионите. Тој е пример за сите Македонци“, изјави Димитриевски кој што  запрашан со кого ќе го смени дресот после вечерашниот натпревар, одговори:
„Со Серхио Рамос. Тој е пример за професионалец и пример како треба да изгледа еден врвен фудбалер“, додаде голманот.



Датум: 11.06.2017, 12:01
Статијата е прочитана 2897 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense