| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.01.2018


Утре во Лозана ги добиваме противниците во Лига на Нации


*Точно во 12 часот ќе се одржи ждрепката, мечевите стартуваат во септември. Ние од првата група во сегментот „Д“, сме во очекување на  тоа кои ќе ни бидат противниците во ова натпреварување

Утре во Лозана во 12 часот ќе се одржи ждрепката за Лигата на Нации. Познато е дека нашата најдобра фудбалска репрезентација од првата група во сегментот „Д“ ги чека ривалите во ова натпреварување, кое стартува во септември и само најдобриот од сите 16 селекции ќе избори директен пласман на ЕП 2020 година. Желбата на селекторот Игор Ангеловски, кој утре ќе биде присутен во Лозана, е да се избегнат Ерменија и Косово. Од друга страна за нас идеална група би била во која Македонија би играла со селекциите на Фарски Острови, Лихтенштајн и Гибралтар. Ако бидеме први во групата тогаш играме финале со една од трите останати победници во овој сегмент и ако тој меч го добиеме тогаш не чека плеј-офот во кој ако излеземе како победници со сигурност ќе се пласираме на ЕП 2020 година. Мечевите во групата се играат од септември до ноември оваа година. Финалето пак е закажано во јуни 2019 а плеј-офот во март 2020 година.



Датум: 23.01.2018, 12:14
Статијата е прочитана 607 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense