| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.05.2017

Цапар со Ловќен во Втора лига, Бошко загуби во Куп финалето

Лош ден за нашите тренери и екс селектори. Драган Канатларовски и неговиот Ловќен загубија од Младост со 2:7 и со тоа испаднаа од елитната лига во Црна Гора. Додека Бошко Ѓуровски и неговата Ц. Звезда загубија со 0:1 од Партизан во финалето во Купот на Србија

Иако Драган Канатларовски со својот Ловќен имаше добра пролетна серија, се држеше речиси од крај, сепак во последното коло доживеа катастрофа од Младост со 2:7 и испадна од Првата лига во шампионатот на Црна Гора. Бошко Ѓуровски за само неколку денови како тренер на Ц. Звезда загуби двапати од Партизан и не му донесе како тренер на својот клуб ниту една титула. Попладнево во Белград во финалето на Купот на Србија, „црвено – белите“ загубија со 0:1 од вечниот ривал и со тоа мораа да се простат и од вториот пехар сезонава. Сепак реално е да се каже дека Ѓуровски на клупата на екс европскиот шампион седна во самиот финиш на сезоната.



Датум: 27.05.2017, 20:35
Статијата е прочитана 1852 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense