| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.06.2017


Херера во Шкендија, Силјановски во Фљамутари

Левиот офанзивен бек е на пат кон Тетово, тој беше голема желба на Шкендија и во зимскиот преоден рок

Работнички по се изгледа дека ќе остане без двајцата свои бекови и тоа во пресрет на својот настап во фудбалска Европа. Имено Себастијан Херера е многу блиску до Шкендија а Горан Силјановски кој пак и дефинитивно си замина од Градски парк е на пат кон Албанија.
Преговорите на релација Херера - Шкендија веќе траат неколку денови и се очекува многу набргу да дојде и до завршница од истите и секако тетовци да го прмовираат овој извонреден лев офанзивен бек, еден од најдобрите во Лигата како свое екстра засилување. Да потсетиме дека тој пред три години дојде во Работнички како млад и талентиран фудбалер и тоа од Колумбија, во меѓувреме доби Македонски пасош и тоа е уште една добра вест за тетовци кои и онака имаат голем број странци. Инаку Херера беше голема желба на Шкендија уште во зимскиот преоден рок но тогаш тренерот Томас Брдариќ се реши за Иван Челоковиќ.


СИЛЈАНОВСКИ КАЈ ДУРО
Горан Силјановски, кој пак и дефинитивно си замина од Градски парк откако му истече договорот е многу блиску до трансфер во Фљауртари, тим од Албанија. Тим кој што предводен од Шпетим Дуро, некогашниот стратег на Шкендија. Тој многу добро ги познава квалитетите на Силјановски  и побарал од раководството на клубот да му го доведат во неговиот состав. Инаку за трансфер во Фљамуртари се споменува и името на Адријан Цуцули, заменик капитенот на Шкендија.



Датум: 10.06.2017, 13:56
Статијата е прочитана 7485 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense