| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.06.2017

Секулов стрела за Суперкуп на Јувентус



Си гази со „старата дама“ нашиот супер талент Никола Секулов. Попладнево тој беше стрелец но и играч на мечот во победата над Парма од 2:1 во големото финале

Фудбалерите на Јувентус до 15 години се освојувачи на големиот пехар од Суперкупот на Италија. Сето ова е по заслуга на нашиот екстра талент Никола Секулов кој денеска имаше фантастичен настап за  „старата дама“. Во големото финале Јувентус победи со 2:1 над Парма. Противникот имаше водство од 1:0 но Секулов со својот гол во 26 минута израмни на 1:1 и го врати Јувентус во игра. Во 36 минута „црно-белите“ го дадоа голот за победа и за големиот пехар.
Оваа генерација на Секулов пред 3 дена станаа и шампиони на Италија за фудбалери до 15 години. Никола Секулов вчера го победи својот екс тим од каде лани замина во Јувентус. Овој супер талент настапува за нашата репрезентација до 15 години.

 

 

 

 

 



Датум: 18.06.2017, 21:19
Статијата е прочитана 2608 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
11.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense