| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.05.2017

Рустемоски му откажува на Мрме

Перспективниот играч на швајцарски Грасхоперс, Амел Рустемоски, по втор пат е повикан за А-репрезентацијата на Македонија и по втор пат го откажува својот настап за нашиот сениорски тим.

И покрај фактот што селекторот Игор Ангеловски, како и за претходниот меч против Шпанија, и овој пат го повика, младиот играч уште еднаш откажа, иако тоа допрва треба да биде потврдено од Фудбалската федерација и од самиот Ангеловски. На официјалниот прес, при објавувањето на списокот, селекторот јавно кажа дека сериозно смета на услугите на Рустемоски, но, сепак, тој нема да му се стави на располагање, барем не за овој меч. Рустемоски има настапувано за младинските селекции на Швајцарија, но само на пријателски мечеви, идентично како и за македонската репрезентација до 15 години. Македонија упорно се обидува да го „врзе“, што се вели, со сениорски настап за нас, за потоа да нема веќе право да настапува за друга држава.



Датум: 29.05.2017, 10:33
Статијата е прочитана 5094 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense