| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.11.2017

Црногорска Искра со понуда до Треневски

Тимот од Даниловград сака на својата клупа да го има има Виктор Треневски, кој би требало да го замени Јован Станковиќ

Виктор Треневски има големи шанси да биде нов шеф на струката на Искра од Даниловград. Тоа е прволигашки клуб од Црна Гора, кој моментално се наоѓа на седмата позиција на табелата. Како што дознаваме, раководството на клубот од Даниловград упатило понуда на адреса на македонскиот стратег, е сега дали таа ќе биде прифатена или не, останува да се види во текот на следните неколку дена.
Од ова произлегува дека првите луѓе на Искра не биле задоволни од работата на тренерот Јован Станковиќ, инаку ексфудбалер на Мајорка, Марсеј, Атлетико Мадрид и на други познати европски клубови.
Кога сме кај Треневски, да споменеме дека до пред еден месец, тој го предводеше Работнички, со кого минатата сезона успеа да се пласира во квалификациите во Лигата на Европа, каде што мина и едно коло.
Пред Работнички, Треневски беше тренер и на Вержеј, Заврч и на Дечиќ.



Датум: 03.11.2017, 17:56
Статијата е прочитана 347 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense