| контакт | маркетинг

26.01.2018

Чунг го предаде мечот, Федерер во финале во Мелбурн

Корејската сензација Чунг мораше да го предаде полуфиналниот меч поради повреда на стапалото при резултат 6:1, 5:2 за Швајцарецот. Федерер во финалето на Австралија опен игра со Чилиќ

Роџер Федерер денеска во полуфиналето на Австралија опен го победи  Хјеон Чунг со 6:1, 5:2. Федерер не му остави ни најмала надеж на младиот Чунг (21) кој е единствен Кореец кој стигнал до полуфинале во еден грен-слем. Всушност Чунг мораше да го предаде мечот поради повреда на стапалото. Швајцарецот во финалето в недела ќе игра со Марин Чилиќ од Хрватска кој во полуфиналето го совлада  Кајл Едмунд со 6:2, 7:6 (4), 6:2.
Федерер кој веќе е рекордер по број на освоени титули од најсилните турнири, в недела ќе се бори за својата 20. титула од ген-слем турнирите. Федерер е актуелен носител на титулата во Мелбурн. Тој досега има играно во 30 финалиња во грен-слем турнирите. Во седмото финале во Мелбурн Федерер ќе се обиде да дојде до шестата титула од овој турнир.   
„Марин имаше два слободни дена а во полуфиналето не се намачи. Ќе биде одморен за финалето“, коментира Швајцарецот.




Датум: 26.01.2018, 12:05
Статијата е прочитана 432 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense