| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.07.2017

Најденов спаси надеж за „романтичарите“

Белорускиот тим имаше водство кое што е анулирано во судиското надополнување со погодок пенал. Работнички на реваншот мора да постигне гол

Со гол од пенал во моемнти кога имаше играч помалку на теренот, екипата на Работнички ремизира со 1:1 во првиот натпревар од второто квалификациско коло од Европа Лигата против белоруски Динамо Минск. „Романтичарите“ до почетокот на судиското надополнување беа во загубена позиција и многу веројатно збогување со Европа за летово, но во првата минута од екстра времето, стоперот на Белорусите, Нино Галовиќ, во својот клазнен простор го фаулира Амир Билали по што беше допсудена најстрога казна за Работнички. Рутиниран реализатор на ударот од белата точка беше Бојан Најденов, кој со тоа го постигна својот трет гол во третиот евро настап летово.

Претходно, во осмата минута од второто полувреме, Динамо дојде во водство по голема деконцентрација на потесната одбрана на Работнички. При една долга топка на втора која излегуваше од шеснаесетникот на Работнички, Никола Лукиќ со глава ја врати топката кон петерецот, каде што осамен на неа натрча Владимир Квашчински и исто така со глава ја смести во мрежата на Работнички.

Да биде ситуацијата уште полоша за „романтичарите“ придонесе и Емир Сахити, кој во 83 минута доби црвен картон за фаул врз Никола Лековиќ. Во тие моменти се чинеше дека се е загубено за Работнички, но тие со упорноста до крајот, сепак, се изборија за многу понадежно реми пред реваншот во Минск.



Датум: 13.07.2017, 20:09
Статијата е прочитана 1240 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense