| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.07.2017

АНГЕЛОВСКИ: СЕДЛОСКИ ГО ДОБИ НАТПРЕВАРОТ

Навремената измена Глигоров - Блажевски ја направи промената - вели селекторот Ангеловски

По вчерашната голема победа на Варда над шведскиот шампион Малме, свое видување за натпреварот даде и селекторот Игор Ангеловски кој во живо го следеше натпреварот.
„Може ќе бидам малку субјективен како тренер, но мислам дека Гоце Седлоски го доби овој меч. И тоа поради замената Глигоров - Блажевски,  по што Николов се врати во маневарската линија. Не дека Глигоров беше толку слаб, но сметам дека Блажевски донесе свежина во нападот. Играчите на Вардар беа бескрајно мотивирани и одиграа навистина фантастично. Да се победи Малме со 3:1 е голема работа, а уште поголема да се елиминира таков тим. Ова е голем успех на Вардар, кој во минатото беше многу блиску но само нијанси недостигаа за успех против Апоел и Динамо Загреб, тие нијанси конечно се на страната на нашиот првак. Секако дека ова е голем успех и на мак - фудбалот и мора да ги радува сите љубители на фудбалот. Му посакувам на Вардар, но и на Шкендија и Работнички и натаму да не радуваат со своите резултати и успеси во Европа“ истакна селекторот на нашата репрезентација кој вчера во Струмица во живо го следеше настапот на Вардар.

 



Датум: 19.07.2017, 12:04
Статијата е прочитана 3989 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense