| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.06.2017


Седлоски во посета на Матерзбург


Во пресрет на денешниот пријателски меч со австрискиот клуб, стратегот на Вардар Гоце Седлоски вчера го посети Матерзбург. Инаку третиот тест за Вардар закажан е од 18 часот


Седум години кога ќе му се посветат на еден клуб, не е мала работа. Најпрво како играч, а потоа и како тренер на екипата, и сигурно дека во тој град ќе останете запеметен. Особено ако станува збор за еден мал град каков што е Матерзбург.
Овој град кој што се наоѓа на крајниот исток на Австрија го памети по добро Гоце Седлоски. Стоперот пет години беше играч на оваа екипа, а потоа и како тренер каде што го „калеше“ својот занает и сега стана еден од најуспешните тренери во Македонија. Освои две титули како „шеф“ на Вардар, а една како спортски директор.
Седлоски се врати во Матерзбург. Во градот во кој што мина седум години, и секогаш со гордост се враќа во ова место. Се присеќа на моментите кои ги мина тука, во ова мало, смирено место кое се наоѓа на половина час од Виена, а блиску се и Унгарија и Словенија.
„Секогаш со гордост се сеќавам на моментите кои ги минав тука. Живеев одличн седум години во ова место. Ех, колку беше добро. Се боревме едно време и за титула, излеговме во Европа. Овој град живееше за тимот, овој град ми буди одлични спомени“, вели Седлоски.
Инаку пријателскиот меч со Матерзбург се игра денеска со почеток во 18 часот.




Датум: 28.06.2017, 13:24
Статијата е прочитана 2036 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense