| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.02.2017

Вардар и Работнички делеа „тројки“

Шампионот конечно го „скрши“ Шкупи. Дури во третио меч сезонава дојде до триумф и тоа со 3:0. Со истиот резултат Работнички славеше во Ѓорче. Шкендија сигурна со Силекс, Ренова ја изненади Брегалница

Вардар со 3:0 го стартуваше пролетниот дел. Шампионот конечно го „скрши“ Шкупи и во тертиот меч сезонава успеа да дојде до првата Победа. Со автоголот на Кривањева, прекрасниот гол на Фелипе и на Блажевски, тоа е епилогот на скопската пресмета на празната Арена. Работнички без никаков проблем во Ѓорче. Суад Сахити донесе водство, за да победата ја запечати Ивановски со два гола од пенал.


Шкендија иако не одигра којзнае како спектакуларно сепак дојде до трите бода. Хасани погоди за 1:0 во 45+1 минута, потоа не релаизираше пенал за да 78. минута Меџедовиќ стави точка. И во последниот меч од ова коло Ренова ја изненади Брегалница среде Штип и со голот на Усеини успеа да победи со 1:0.


РЕЗУЛТАТИ - 19. КОЛО
ВАРДАР - ШКУПИ 3:0
МАКЕДОНИЈА ЃП - РАБОТНИЧКИ 0:3
ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС 2:0
ПОБЕДА - ПЕЛИСТЕР 2:2
РЕНОВА - БРЕГАЛНИЦА 0:1

ТАБЕЛА
1. Вардар 44., 2. Шкендија 40., 3. Работнички 31., 4. Пелистер 30., 5. Ренова 26., 6. Силекс 24., 7. Победа 16., 8. Шкупи 16., 9. Македонија ЃП 15., 10. Брегалница 11.



Датум: 19.02.2017, 16:10
Статијата е прочитана 1898 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense