| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.04.2017

Брдариќ останува, најмалку до јуни

Раководството на тетовските „црвено-црни“ нема намера предвреме да го раскине договорот со германскиот тренер, кој досега не ги оправда очекувањата


Нашите информации велат, барем до вчера таа информација важеше, дека Шкендија нема намера да менува ништо во стручниот штаб на својата екипа. Дека и покрај поразот од Работнички и ремито со Ренова, и покрај тоа што Вардар на десет кола до крајот избега неверојатни 11 бодови, нема намера да го менува Томас Брдариќ. Тоа значи дека шефот на стручниот штаб на тетовските „црвено-црни“ останува најмалку до јуни. Којзнае, можеби тоа е правилен потег. Шкендија фактички па и практично ја загуби битката со Вардар во однос на титулата, па затоа кој сега и да дојде на местото на Германецот ќе биде немоќен. Ќе нема никаква можност да ја донесе таа толку очекувана радост на фановите на Шкендија, таа толку посакувана титула која клубот ја чека четири години откако „Еколог“ во јули 2013 години дојде како спонзор.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 12.04.2017, 13:34
Статијата е прочитана 1668 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense