| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.08.2017

Овој Илинден по Вардар да го паметиме

На „војводата“ Седлоски и на единаесетте „комити“, им остануваат уште 90 минути за впишување во аналите на клупскиот фудбал на Македонија. Ако го минат Копенхаген тогаш во најлош случај ќе играат во Групната фаза од Лигата на Европа

Е па Вардаре, ако не сега, кога? Вардаре, денеска сите во Македонија го славиме Илинден, но тој празник ќе биде величенствен ако овој Илинден 2017, во иднина ќе го паметиме и по тебе. По твојот најголем успех во историјата на евросцената но и по најголемиот успех на некој наш клуб во таа Европа. Математика е јасна, ако вечерва Вардар успее да ги одржи тие скопски 1:0, ако успее да го мине Копенхаген во 3. квалификациско коло во ЛШ, тогаш на есен во најлош случај ќе игра во Групната фаза од Лигата на Европа.
Затоа Вардаре вечерва од 20 до 22 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген ќе ја имаш сета Македонија зад себе. Нема да бидеме со тебе во Данска, но таа позитивна енергија ќе ја имаш, ќе знаеш дека не играш само за себе туку и за сите нас. Сите ние, и кои сме вардарци, и кои сме фанови на други клубови, вечерва во тие два часа ќе навиваме за тебе, за успех на мак- фудбалот. Вечерва Вардаре ти си тој амбасадор на нашата земја.
Значи на „војводата“ Седлоски и на единаесетте „комити“, им остануваат уште 90. минути до впишување во историјата.
Нека биде ова вардаров Илинден, фудбалски, „црвено - црн“ Илинден. Не се сомневаме дека за такво нешто нема да се бунат оние славни илинденци од 1903 или од 1944 година.
Па со среќа Вардаре...



Датум: 02.08.2017, 16:14
Статијата е прочитана 1706 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense