| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2017

Каисар, Ботев, Нефтохимик...се ривалите на Пелистер во Аланија

Се преговара и со Сараево за одигрување на пријателски натпревар во Турција каде битолчани ќе се подготвуваат од 27 јануари до 10 февруари

Познати се петте од шест ривали на Пелистер на подготовките во Аланија (Турција), каде битолските „зелени“ ќе престојуваат од 27 јануари до 10 февруари. Познато е дека базата ќе им биде хотелот „Голд сити“. Момците на стратегот Наџи Шенсои ќе одиграат шест пријателски мечеви а досега се познати имињата на пет спаринг партнери. На 01 февруари ривал ќе биде Ботев (Бугарија), три дена подоцна ќе се игра со Каисар (Казахстан), на 5 февруари со Фероникели (Косово), и на 8 февруари со Нефтохимик (Бугарија). Блиску до договор е и меч со Сараево а името на шестиот тим допрва ќе се знае.

 



Датум: 19.01.2017, 14:46
Статијата е прочитана 3237 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense