| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.12.2017

Јаневски: Победуваме, но не сме воиграни

Вардаровиот стратег е свесен дека тимот не може да се воигра како што сака, затоа што премногу се менува и се ротира во составот

Вардар победи во заостанатиот меч против Академија Пандев, а тренерот Чедомир Јаневски критички настроен и покрај освоените три бода. Воиграноста како проблем, нотирана од искусниот стратег, а од друга страна и честитки за способноста во три дена да се одиграат два силни мечеви.
„Мислам дека брзо се опоравивме, со овие ротации на играчи кои морав да ги направам. По добрата игра против Роземборг во првите шеесетина минути и денеска повторивме добра игра, иако немавме воиграност со оглед на фактот што ротираме доста од играчите. Видов добри 45. минути, добро водство од 2:0, шанси. И во второто полувреме што е многу нормално паднавме, не постои екипа која ќе може деведесет минути да одгра висок пресинг, да создава шанси. Примивме гол од еден сомнителен пенал, и мора да напоменам веќе ми е симптоматично петти пенал против Вардар, а четврти на домашен терен. Примивме таков гол, да до крајот моравме да стравуваме за резултат. Сепак, се на се, заслужена победа против квалитетен тим на Академија Пандев, а честитки за моите фудбалери бидејќи не е лесно да се одигра два меча во само три дена“ - изјави Јаневски по мечот со Академија Пандев.


 



Датум: 10.12.2017, 15:31
Статијата е прочитана 741 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense