| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017

БАБУНСКИ: среќен сум за голот

Давид Бабунски и Јокохама Маринос сезоната во јапонскиот шампионат ја отворија со победа, а македонскиот репрезентативец беше стрелец на еден од трите гола.

Давид Бабунски не можеше да посака подобро деби во дресот на Јокохома Маринос. Неговиот тим во првото коло од новата сезона во јапонскиот шампионат го совлада еден од трите најдобри тимови, Урава со 3-2, а македонскиот репрезентативец беше стрелец на првиот гол на оваа средба.
„Пресреќен сум за голот. Ова е одличен почеток на сезоната, славевме против еден од најдобрите тимови во шампионатот, ова е добар знак. По завршување на натпреварот, тренерот ми честиташе за голот“, изјави за „Македонски спорт“, Давид Бабунски, кој додаде дека засега е задоволен во Јокохама.  



Датум: 25.02.2017, 11:31
Статијата е прочитана 708 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense