| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.01.2018

Столе Димовски на голот на „лавовите“

Македонија ЃП продолжува да се засилува, денеска ѓорчепетровци ги договорија голманот Димовски и напаѓачот Симеон Христов

Искусниот голман Столе Димовски и напаѓачот Симеон Христов се нови фудбалери на Македонија ЃП. Раководството на „лавовите“ како што и најави, продолжува и тоа како да го засилува својот тим. Пред да ги договори Димовски и Христов, во Ѓорче пристигнаа и Филип Петров, Трајче Стојкоски и Александер Борха. Најавите се дека во следните неколку денови ќе има најмалку уште едно проверено и квалитетно прволигашко име. Инаку Македонија ЃП своите зимски подготовки ќе ги стартува во среда.



Датум: 15.01.2018, 19:48
Статијата е прочитана 2113 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense