| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.04.2017

Футсалците со победа за крај

Денеска нашата селекција ја совлада Данска со 4:3 во меч во кој што Македонија доминираше и упати дури 56 удари кон противничкиот гол

Македонската футсал репрезентација со победа се прости од квалификацискиот турнир кој што се игра во Казахстан. Денеска нашата селекција ја совлада Данска со 4:3, иако победата можеше да биде поубедлива со оглед дека Македонија упати дури двојно повеќе удари кон голот, и тројно повеќе во рамките од голот.

Два гола за нашата селекција постигна Сефери, и по еден Мицевски и Петровиќ. Нашата селекција имаше негатива, па потоа стигна до водство од 2:1, па Данска израмни, Македонија повторно дојде до водство од 2:3, па повторно противникот стигна до израмнување, но на крајот со погодокот на Петровиќ во 36. минута донесе конечен триумф.

Македонија ги заврши квалификациите на 3. место со три освоени бодови.



Датум: 11.04.2017, 14:43
Статијата е прочитана 652 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense