| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.10.2017

Шкендија сака три од три со Вардар

Тетовските „црвено-црни“ убедливо триумфираа на последните два меча со Вардар, како што велат самите, нема причини да биде поинаку и на оваа средба

Најголемото прашање пред утрешното големо дерби меѓу Вардар и Шкендија е дали репрезентативната пауза од две недели влијаеше во негативна конотација на супер формата на тетовци. Имено, пред оваа пауза, тетовци газеа сѐ пред себе, победуваа во серија, го „извозеа“ првиот круг со осум победи и со само едно реми. Е сега дали оваа пауза влијаеше или не, ќе видиме утре, на националната арена „Филип Втори“, и тоа од 14:30 до 16:30 часот, во времето кога се игра ова мегадерби, второ во оваа сезона. Првото заврши со победа на Шкендија од 2:0, меч од стартното прво коло во оваа 26. сезона.

Последниот пат во Скопје беше 3:1 за тетовци

И кога сме кај бројките кога станува збор за дуелите меѓу Шкендија и Вардар, да споменеме дека на последните два меча, и двата се играа под Шара, тетовци победуваа доста убедливо. На последниот беше 2:0, а на оној претходно, пак, 3:1 за домашните. Двата меча беа првенствени. Тоа значи дека Шкендија има голем мотив да ја продолжи победничката серија на дуелите со лутиот ривал во битката за титулата. Шкендија сака да има три од три на последните три меча кога игра со Вардар. Инаку, на последниот меч одигран во Скопје, на националната арена „Филип Втори“, Шкендија победи со 3:1, но тоа беше натпревар од Купот на Македонија. Сето ова значи дека на последните четири меча меѓу Шкендија и Вардар, тетовци имаа дури три победи, Вардар, пак, победи само еднаш, и тоа со 1:0, и тоа на куп-натпревар.

Буба, Бесарт, Емини..

Од друга страна, кога е дерби, кога играат Шкендија и Вардар, овие бројки ништо не мора да значат. Една мала ситница, еден кикс или грешка може да го сврти резултатот во корист на едната или на другата страна. Само да се потсетиме како ја победуваше Вардар Шкендија, и тоа по оние киксови на голманите  Марко Јовановски и Костадин Захов, но тоа е минато, сега поважна е сегашноста.
А кога сме кај сегашноста, да напоменеме дека во нападот на тетовци повеќе од сигурно е дека ќе се најде тројката голгетери. Пред сѐ, тоа се Ферхан Хасани, Бесарт Ибраими и Изаир Емини. Одбраната на Вардар уште како ќе си има проблеми, проблеми да ги стопира сите тројца. Само ако еден има свој ден, што се вели, ќе биде лошо за Вардар.



Датум: 13.10.2017, 11:12
Статијата е прочитана 913 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense