| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.04.2017

И Бразилец ќе игра за Македонија?

Станува збор за Лијанко Невес Војновиќ, кој има и српско потекло. Има играно за младите селекции на Бразил и Србија

Лијанко Евангелиста Силвеира Невес Војновиќ (20), можеби во иднина ќе настапува за нашата најдобра селекција. Имено, како што дознавме, челниците на нашата фудбалска федерација имаат контактирано со самиот фудбалер и ако сè биде в ред тогаш во блиска иднина одличниот стопер би можел да заигра за нашата најдобра репрезентација.
Инаку, Војновиќ е роден во Бразил на 01.02.1997 година во Виторија - Бразил. Ги минува школите на Сао Паоло и Ботафого, а има игра за првиот тим на Сао Паоло. Војновиќ, кој има српско потекло, има играно за младите селекции на Бразил, но и на Србија. Е сега дали ќе се успее да се „зграпчи“ овој „кариока“ и да игра за нашиот национален тим, останува да се види, ако да тогаш дефанзивата, односно стоперската линија би била поконкурентна.



Датум: 01.04.2017, 08:18
Статијата е прочитана 7143 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense