| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.03.2017

Радоста на Виктор и Мичка... (ФОТО)

Евро - голот на Силјановски во 59. минута за водство од 1:0 ја дигна цела клупа на Работнички на нозе. Голема беше радоста на тренерот Треневски и неговиот помошник Илиевски

Кога е значајна средбата и кога бодовите се повеќе од потребни тогаш и радоста по гол(овите) е голема. Така беше на вчерашното дерби на Арената каде играа Работнички и Силекс. Се играше 59. минута кога Силјановски од повеќе од 35 метри постигна евро - гол и се стрча да ја подели радоста со своите соиграчи од клупата. Секако дека меѓу најрадосните беа и луѓето од стручниот штаб Виктор Треневски и Милан Илиевски.
„Мислам дека нашата победа е апсолутно заслужена. Освоени се големи бодови против тимот на Силекс кој што е навистина квалитетен. Потежок ривал немавме оваа пролет, но ние одигравме како што треба и затоа победивме“ истакна Треневски.



Датум: 19.03.2017, 11:20
Статијата е прочитана 1561 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense