| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.08.2017

Митров потпишува за Стеауа

Младинскиот репрезентативец оди во редовите на најтрофејниот романски клуб


Младиот и перспективен играч за врска Михајло Митров, ќе потпише договор со ни помалку ни повеќе романскиот гигант Стеауа Букурешт. Македонскиот младински репрезентативец се наоѓа во Романија веќе неколку дена и според последните информации дефинитивно станува дел од најголемиот романски клуб во историјата. Тој во изминатиот период беше дел од екипите на Металург односно Еуромилк, а ова ќе му биде прво интернационално искуство. Овој трансфер, кој треба да биде официјализиран во следните два-три дена кога Митров и официјално ќе го потпише договорот, а доаѓа, што се вели како „гром од ведро небо“, затоа што ретко кој наш млад фудбалер се сели од нашата лига во така голем клуб.



Датум: 01.08.2017, 14:21
Статијата е прочитана 4808 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense