| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.04.2017

ГОТОВО Е: Закажана е промоцијата на Дарко Панчев

Утре во 11:00 часот во просториите на академијата на ФК Вардар ќе се одржи официјалната промоција на новиот спортски директор на клубот, Дарко Панчев.

Македонската, а воедно и вардарова фудбалска легенда, златната копачка на Европа и најдобриот наш фудбалер на дваесеттиот век,  се враќа во својот матичен клуб, по долги години како засилување кое ќе го направи овој сега финансиски моќен Вардар уште поконкурентен како на домашна така и на меѓународна сцена. Она што Македонски Спорт го најави уште пред повеќе од еден месец, утре ќе добие и официјализација од страна на нашиот најтрофеен клуб. Популарната „Кобра“ му се враќа на својот омилен Вардар, но и на македонскиот фудбал.



Датум: 06.04.2017, 11:16
Статијата е прочитана 5548 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense