| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.06.2017

Поповски: Треневски останува уште една година во Работнички

„Се договоривме со нашиот тренер Виктор Треневски да ја води екипата на Работнички и следната сезона“ вели Драган Поповски, првиот човек на „романтичарите“

Виктор Треневски најмалку уште една година ќе биде шеф на стручниот штаб на Работнички. Ова ни го потврди претседателот на клубот Драган Поповски.
„Со оглед на успехот во штотуку завршената сезона нормално беше да седнеме и да се договориме со Виктор Треневски со цел да ја продолжиме соработката. Можам и официјално да потврдам дека тој и во следната сезона ќе биде наш тренер. Сега по кусиот одмор ни останува добро да се подготвиме пред настапот во квалификациите во Лигата на Европа. Преодниот рок ќе биде бурен, покрај Велинов имаме намера да ангажираме уште некои засилување, додека кој ќе си оди од Работнички ќе видиме во текот на следните неколку денови“ истакна Поповски.
Инаку Треневски старт на подготовките ќе означи на 8 јуни, додека на 13 најверојатно ќе се оди во Словенија, во старата база Терме Чатеж.



Датум: 02.06.2017, 11:54
Статијата е прочитана 2694 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense