| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.03.2017

Вардар остана без 14 играчи!


Кои поради репрезентативни обврски, кои поради повреди ќе ги пропуштат тренинзите во следните шест дена на „црвено-црните“.


По три слободни дена добиени од стручниот штаб по мечот со Македонија Ѓорче Петров, Вардар денеска стартуваат со тренинзите. Истите ќе ги почнат драстично „ослабени“ затоа што ќе им недостасуваат дури, верувале или не, 14 играчи. 12 фудбалери од нив ќе имаат обврски по репрезентациите, а двајца се повредени и не можат да му се стават на располагање на стручниот штаб во овој момент.
Како никогаш до сега, Вардар не дал многу репрезентативци како што е тоа во овој случај. Од 12 играчи, четири од нив се интернационалци, и осум играчи за Македонија сениори, до 21 година и до 19 години.

ЌЕ НЕДОСТАСУВА ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА ТИМ
Отсуството на 14 играчи од Вардар значи дека тренерот Гоце Седлоски ќе го нема на располагање повеќе од пола тим. „Црвено-црните“ наредниот период од подготовките остануваат без репрезентативците Игор Алексовски, Филип Гачевски, Бобан Николов, Дарко Велковски и Стефан Спировски, потоа за младата селекција се повикани Петар Петковски и Бесир Демири, за Грузија ќе игра Џамбул Џигаури, за Ерменија двајцата интернационалци Тигран Барсегјан и Хофханес Хамбарѕумјан, а ќе го нема наредниот период ниту Дамир Којашевиќ, кој ќе игра за Црна Гора. Најновиот повик е од селекцијата до 19 години за Бојан Колевски, кој исто така тренира со првата екипа на нашиот шампион. Згора на тоа стручниот штаб ќе ги нема на располагање ниту повредените Балотели и Грнчаров, кои засега тренираат одвоено од другите.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 22.03.2017, 10:55
Статијата е прочитана 1853 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense