| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.03.2017


Илјада седишта а прилепчани бараат 5.000 билети


Исклучително голем интерес за мечот Победа - Шкупи.


По долги 10 месеца екипата на Победа на мечот со Шкупи в сабота ќе биде домаќин на свој терен, на стадиончето ,,Могила’’, на излезот од Прилеп. Интересот е огромен, а тоа може да се види од секојдневните разговори на оваа тема меѓу фудбалските вљубеници. Ако се знае дека пролетта 2016, на дуелот со Љубанци имаше над пет илјади гледачи, тогаш истата бројка е можно да се повтори и в сабота. Овојпат треба да се има предвид дека објектот крај Паркот на Револуцијата има само околу илјада седишта, колку што налагаат прописите од ФФМ. Дури и таа бројка да се дуплира на местата за стоење, нема да е доволна. Така, само најбрзите, оние што најрано ќе дојдат на стадиончето, само тие ќе можат да седнат, останатите ќе стојат и ќе бараат погодно место да ја проследат играта. Победа има играно на истиот терен второлигашки натпревари пролетта 2014, а мечот со Шкупи е првиот прволигашки на стадиончето Могила.



Датум: 15.03.2017, 14:48
Статијата е прочитана 6594 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense