| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.08.2017

Работнички ја совлада Хата со 2:0

Успешна „генералка“ за тимот на Виктор Треневски. Попладнево „романтичарите“ славеа над Хата на Ѓоко Хаџиевски

Со головите на Маркоски во 32. и Миовски во 75.минута, во пријателски натпревар, Работнички ја победи Хата со 2:0. Тоа беше и последен натпревар за составот на тренерот Виктор Треневски во пресрет на стартот на новата сезона која започнува веќе следниот викенд. Инаку мечот се одигра попладнево на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје. Кога сме кај Хата на Ѓоко Хаџиевски, за нејзе ова беше втор меч во Македонија и втор пораз, по оној во Кратово од Силекс со 0:1. Во среда гостите од Дубаи се среќаваат и со Пелистер.




Датум: 05.08.2017, 20:58
Статијата е прочитана 821 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense