| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.07.2017

Инаетот на Вардар....

Хероите во второто полувреме влегоа на терен решени да го „изедат“ тој Малме, со жар во очите решени по секоја цена да дојдат до победата. И успеаја во тоа, и затоа секоја чест.

Кога ќе проработи инаетот на Вардар, е тогаш нека му ја мисли противникот, а тоа попладнево беше Малме. Откако добија инструкции од стратегот Седлоски на паузата, момците во „црвено - црно“ се растрчаа по теренот на стадионот „Младост“ во Струмица. Со жар во очите, со полно срце, решени да покажат и докажат дека знаат и во Европа, дека знаат да играат и против таквки големи клубови како шампионот на Шведска. И почна таа позната вардарова  агресија, не му дадоа играчите на нашиот шампион просто да дише на шведскиот тим. И ја решетаа неговата мрежа за конечни 3:1, за вкупни 4:2. За победа, за радост и задоволство во мак - фудбалот.
Е ова е тој некој нов, европски Вардар...



Датум: 18.07.2017, 20:40
Статијата е прочитана 3714 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense