| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.06.2017

Шкендија и Ќато тргнаа со реми

Вечерва на првата своја контрола од подготовките во Словенија, тетовскиот тим ремизираше (1:1) со австрискиот нисколигаш Бад Радкерсбург

Шкендија не успеа да го победи австрискиот нисколигаш Бад Радкерсбург, туку одигра само 1:1 во својата прва контролна средба во текот на овие летни подготовки. Та значи дека старо – новиот тренер Ќатип Османи тргна со реми на клупата на тетовските „црвено – црни“. На овој меч австријците поведоа во 52.минута, додека Шефити израмни само две минути подоцна.
Сепак треба да се каже дека Шкендија овој меч го одигра во комбиниран состав. Следниот меч за тетовци на овие подготовки во Словенија е оној со  Интер Запрешиќ.

 



Датум: 13.06.2017, 22:00
Статијата е прочитана 2989 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense