| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.01.2018

10 милиони денари за Брегалница

*Комисијата за спорт на општина Штип на вчерашната седница одлучи на ФК Брегалница за новата сезона да и се доделат 150.000 евра

ФК Брегалница доби нешто повеќе од очекувањата. Имено на вчерашната седница на комисијата за спорт на Општина Штип, донесена е одлука место 8 милиони, фудбалскиот клуб за новата сезона да добие 10 милиони денари или 150.000 евра.
Претседателот на Комисијата за спорт, Елмир Мандак, инаку спортски директор на Брегалница,  изјави дека  на Брегалница за ноаата сезона  и се доделени 10 милиони денари. Сега се очекува Брегалница рационално да ги искористи овие средства, а штипјани бараат штипскиот лигаш експресно да се врати во Првата лига, како што во  предизборната кампања најави и  градоначалнииот  Благој Бочварски..



Датум: 18.01.2018, 10:59
Статијата е прочитана 1306 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense