| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.01.2017

Блажевски: Требаше да го победиме Амкар

„Имавме многу шанси, многу повеќе од противникот кој што постигна гол од сомнителна позиција“, вели Вардаровиот голгетер

Вардарци денеска одиграа 1:1 против рускиот прволигаш Амкар Перм на вториот подготвителен натпревар во Анталија. Иако имаа неколку добри шанси, во текот на мечот имаа доминација, сепак, на крајот одиграа само нерешено после голот на Амкар кој што се чини е од недозволена офсајд позиција.

„Мислам дека требаше денеска да победиме. Бевме подобри и во првото и во второто полувреме, имавме неколку шанси, додека противникот дојде до една прилика и тоа од сомнителна позиција успеа да постигне гол. Мислам дека и на оној прв меч со Стеауа не требаше да загубиме. Но, добро е, формата ни оди во нагорна линија и мислам дека ќе дојде многу брзо и првата победа, иако на овие пријателски мечеви ја градиме играта која што треба да ни ја донесе титулата и во првенството и пехарот во Купот, а резултатите се во втор план. Но Вардар сака победа на секој меч без разлика дали е пријателска средба или официјална“, вели Блажевски



Датум: 28.01.2017, 20:27
Статијата е прочитана 1242 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense