| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.06.2017

Како Толисо место во Наполи заврши во Баерн?

Се било спремно за трансфер на Сан Паоло, но во последен момент фудбалерот се премислил


Францускиот фудбалер за врска, Корентин Толисо, премина од Лион во Баерн за сума од 41,5 милиони евра, што претставува рекорд за германскиот шампион (сумата може да порасне за шест милиони во зависност од бонусите). „Баварците“ одлучија да го ангажираат играчот на Лион, кој беше баран од многу други клубови. Толисо со задоволство ја прифати понудата на германскиот гигант и стана негово четврто засилување во летниот преоден рок, по Себастијан Руди, Никлас Зиле и Серж Гнарби.
А неговата кариера можела да се одвива во поинаков правец. Дваесет и двегодишниот Толисо во април бил спремен да премине во Наполи. Дури и неговиот клуб, Лион, одлучил да го прати на „Сан Паоло“. Сумата била 26 милиони евра за обесштетување, плус пет милиони евра во бонуси. Меѓутоа, во последен момент сѐ пропаднало. Толисо се откажал од можноста, а причината била италијанска криминалистичка серија. Се работи за „Гомора“, чие дејство се одвива во Неапол, а фокусот е насочен на организираниот криминал и на борбата меѓу локалните мафијаши и дилерите на дрога.

А, веројатно, слушнал и за тоа дека Марек Хамшик, иконата на клубот, бил ограбен во близина на стадионот, дека на Лоренцо Инсиње му бил вперен пиштол во главата и бил ограбен... Толисо не сакал да ризикува.

ПОВЕЌЕ ВО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА МАКЕДОНСКИ СПОРТ



Датум: 16.06.2017, 12:52
Статијата е прочитана 1268 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense