28.11.2017
Треневски на клупата на Будуќност?

*Екс стратегот на Работнички е еден од најсериозните кандидати за тренер на најголемиот клуб во Црна Гора
Виктор Треневски има големи шанси да седне на клупата на Будуќност. Ова го пишуваат медиумите во Подгорица и истакнуваат дека екс стратегот на Работнички заедно со Душан Влаисављевиќ е тренерот со кого раководството на најголемиот клуб во Црна Гора преговара за преземање на тимот. Инаку Треневски веќе неколку недели има понуда од Искра од Даниловград.
Датум:
28.11.2017, 16:09 |