| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.12.2017

Савиќ во посета на Брегалница

Македонскиот интернационалец деновиве беше во Штип каде што беше гости на новото раководство на ФК Брегалница.

Душан Савиќ долго време настапува надвор од Македонија. Сепак, тој не заборава каде ја започна својата богата кариера, ниту поранешните соиграчи. Па така, откако заврши неговиот престој во Казахстан, барем во моментов, Савиќ повотрно е во Македонија и има време да се сретне со некои свои стари соиграчи. Еден од нив е Елмир Мандак, во моментов еден од водечките луѓе на штипска Брегалница. Двајцата имаа многу што да си кажат, и да најават можеби и некоја идна соработка. Доколку Савиќ не пронајде нов ангажман надвор од Македонија можно е да го засили штипскиот второлигаш кој има амбиции наскоро да се врати во првата лига.

 



Датум: 01.12.2017, 18:04
Статијата е прочитана 1902 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense