| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.12.2017

Барди: Македонија ќе биде посилна во следните години

„Ова беше успешна година за мене, и оваа награда ми е мотив да работам уште повеќе за поголем успех“, изјави Барди

Енис Барди ја доби наградата за најдобар репрезент на македонскиот фудбал за изминатата сезона. Сегашниот играч на Леванте имаше успешна сезона зад себе, прво со одличните настапи во Ујпешт, потоа во младата селекција со која играше на Европско првенство, а потоа и во сениорската репрезентација, а во меѓувреме следуваше трансфер во Шпанија.

„Благодарам на мојата фамилија што ми даде сила, до ФФМ што ми дава мотив да работам напорно. Ова за мене беше добра година како во настапите во младата селекција, во Ујпешт, и во сениорската репрезентација. Благодарност за моите соиграчи во репрезентација до 21 година, на соиграчите во Ујпешт и на соиграчите во сениорската репрезентација. Оваа беше успешна година, а верувам дека Македонија ќе биде посилна во следните години“, изјави Барди на денешната церемонија на доделувањето на наградите на ФФМ.



Датум: 03.12.2017, 21:56
Статијата е прочитана 1105 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense