| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017

Со голот на Илијоски, Пелистер води на полувреме со 1:0

Искусниот напаѓач ја затресе мрежата на Брегалница во 6. минута, која пак од 2. минута е со играч помалку откако голманот Кобетиќ заслужено доби црвен картон

Пелистер води со 1:0 против Брегалница по првите 45. минути во првиот меч од 20. коло кој се игра во моментов во Охрид. На голот на Баже Илијоски му претходеше катастрофална грешка на голманот на „сините“ Матеја Кобетиќ кој ираше со рака надвор од казнетиот простор. Тука немаше дилеми за судијата Мечкаровски кој му покажа директен црвен. Минаа четири минути до изведувањето на слободниот удар. Топката беше на 17 метри, Божиновски кусо го проигра Илијоски а овој шутираше и успеа да го совлада нововлезениот Апостословски за водство од 1:0. Резултат со кој се замина на пауза. Да кажеме дека условите во Охрид се лоши за игра, пред се влажниот терен не дозволува којзнае колку квалитетна игра.



Датум: 25.02.2017, 14:57
Статијата е прочитана 3296 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense