| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.12.2017

Македонец меѓу германски фудбалски легенди (ФОТО)

Некогашниот голман на репрезентацијата на иста фотографија со Клосе, Кел, Метцелдер...

Фудбалската репрезентација на Германија секогаш е при врвот на Светскиот фудбал. Оваа земја дава многу добри фудбалери, а нивната селекција е актуелен светски првак.

Ретка е ситуација кога на една фотографија ќе се најдат толку многу германски фудбалски легенди кои оставиле траен белег во Бундеслигата, а меѓу нив да биде и еден Македонец.

Ока Николов се најде на иста фотографија со долгогодишниот капитен на Борусија Дортмунд Себастијан Кел, потоа поранешниот играч на истиот тим и на Реал Мадрид, како и репрезентативец Криштоф Мецелдер, секако најдобриот стрелец на Светските првенста Мирослав Клосе, и последниот од десно е Патрик Овомојела, екс играч на Вердер, Борусија Д. и на германската селекција.

Сите се собрани по повод полагање на „А“ лиценца, па Нниколов може да учи од едни од најдобрите играчи кои што владееја во изминатите 15-20 години на терените. Шансата ја искористија да поиграат и малку фудбал и да се потсетат на своите славни фудбалски денови.



Датум: 16.12.2017, 18:00
Статијата е прочитана 3501 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense