| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.09.2017


„Буба транс“ мина низ Битола


* Шкендија го победи Пелистер на крилата на Буба Хасани

Ферхан Хасани дефинитивно покажа дека е во моментов играч број еден во домашниот шампионат. Капитенот на Шкендија постигна два гола во дербито во Битола, каде што неговата Шкендија со конечни 1:3 рутински славеше и ја оствари деветтата победа сезонава .
Уште од самиот старт на мечот гостите покажаа кој е кој и по само три минути игра Хасани доби длабочинска топка и успеа да го совлада Јовановски. По речиси иденитчна акција во финишот на полувремето Хасани зголемува на 0:2, за да во 74. минута тој, и Бесарт Ибраими му сервираат акција на Жуниор за 0:3. Попзлатанов и Цветановски само минута подоцна намалија на 1:3 но тоа беше се од домашните на овој меч.


Гама повторно со „нула“
Горан Станковски  втор меч како кормилар на Работнички и втор меч со 0:0. Првиот против Силекс,  а еве сега и против Скопје на Автокоманда. Тврд меч без многу убавина во кој реално ни двата тима не заслузија да победат. Тоа беше прва пресметка меѓу Скопје и Работнички по шест години.


ПРВА МФЛ, 9. КОЛO

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1:3
ГОООЛ! - 3. минута - Шкендија поведува со 1:0. Прва акција на „црвено-црните“, топка во длабочина за Хасани кој излегува сам пред Јовановски и го совладува.
ГОООЛ! - 40.минута - Шкендија го зголемува водството. Речиси идентична ситуација како и првиот гол. Хасани проигран во празно, излегува сам пред Јовановски и го лобува.
ГОООЛ! - 74. минута - Гол за Шкендија. Ибраими го проигра Жуниор кој рутински „забива“ за 3:0.
ГОООЛ! - 76. минута - Ете и погодок на Пелистер. Попзлатанов од десно нафрлува ниско по земја, голманот Захов го одбрани првиот шут на Матеј Цветановски, но не успеа ни вториот негов обид.

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0:0

СИЛЕКС – А.ПАНДЕВ 1:0
ГОООЛ! - 9. минута - Александар Бујчевски постигнува погодок за водство на Силекс. По корнерот на домашната екипа напаѓачот на домашните дава гол.

РЕНОВА – ПОБЕДА 0:0
ГОЛЕМА ШАНСА! - 7.минута - Башким Велија ја спасува Ренова. Со глава исфрли од гол линијата по ударот на Дарко Илиески.


УТРЕ (15:00 Ч)
ВАРДАР - ШКУПИ



Датум: 30.09.2017, 17:08
Статијата е прочитана 2950 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense