| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.04.2017

Лесно и е на Шкендија со „бомбардерот“ Ибраими

Бесарт Ибраими кога стрела Шкендија победува, така беше попладнево на мега - дербито во Тетово. Ибраими погоди двапати а Шкендија го победи Вардар со 3:1. Наумоски во 90+2 од пенал и донесе победа на прилепчани

Шкендија со 3:1 славеше на мега - дербито со Вардар. Ова е прв триумф на тетовци под Шара во пренствен меч по цели 3.5 години против Вардар. Интересен меч со шанси на двете страни. Меџедовиќ донесе водство на Шкендија во 15. минута. Следуваше израмнување по голот на Балотели по супер акцијата на Барсегјан во 42. минута. На сцена стапи Бесарт Ибраими со две „бомби“ во мрежата на Гачевски.
Меч на Могила со гол од пенал во 90+2 минута и меч со инциденти меѓу Победа и Силекс. Наумоски со прецизен удар од белата точка и донесе големи три бода на својата екипа.
Во Штип реми, Брегалница и Пелистер одиграа 1:1. Мециновиќ во 28 минута си постигна автогол за водство на „сините“ а израмни Лукас во 51. минута.
И во Ѓорче Ренова за само 14 минути ги реши „лавовите“. Муслиу во 2. и 5. минута и донесе водство на својот тим 2:0 додека во 14. минута Велинов зголеми на 3:0. Почесниот гол за домашните го постигна Јонузи во 90+3, минута.

РЕЗУЛТАТИ - 29. КОЛО
ШКЕНДИЈА - ВАРДАР 3:1
БРЕГАЛНИЦА - ПЕЛИСТЕР 1:1
МАКЕДОНИЈА ЃП - РЕНОВА 1:3
ПОБЕДА - СИЛЕКС 1:0
УТРЕ, 16 Ч
РАБОТНИЧКИ - МАКЕДОНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Вардар 68, 2. Шкендија 58, 3. Работнички 47 (-1 меч), 4. Пелистер 41, 5. Ренова 41, 6. Силекс 36, 7. Шкупи 29 (-1), 8. Победа 26, 9. Брегалница 20, 10. Македонија ЃП 19.



Датум: 26.04.2017, 18:05
Статијата е прочитана 3315 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense