| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.12.2017

Силекс ќе се подготвува во Анталија

Зимава кратовци ќе ја поминат во Турција

Кратовскиот прволигаш, и некогашен шампион на Македонија, тимот на Силекс, сезонава што се вели од никгде никаде стана сериозен кандидат за највисок пласман. Од позадина некако, кратовци одлично котираат на табелата и планираат со добрите игри и резултати на пролет да обезбедат пласман во Европа. За тоа потребни се добри зимски подготовки, а секако за тоа специјализирана е Анталија.
„Планираме повторно да заминеме за Анталија на двонеделни подготовки, а веќе имаме и закажано пријателски натпревари со 4-5 противници. Верувам дека ќе го оствариме планот, а потоа ќе се обидеме да останеме во трката за висок пласман. Ќе има и засилувања за пролетниот дел од сезоната, но засега се уште нема конкретни имиња“, вели тренерот Жикица Тасевски.
 Приоритет за Силекс се добри зимски подготовки, кои според планот на Тасевски и неговите помошници треба да започнат на осми јануари. До 22. ќе се тренира во Кратово, по еднаш дневно во сала и на отворено, а потоа главниот дел е пат за Анталија. Од 22. јануари до 4. февруари е периодот за подготовки во турското одморалиште. Лани во зимскиот период за првпат Силекс беше на подготовки во Анталија.



Датум: 16.12.2017, 18:23
Статијата е прочитана 629 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense